ПОДАТОЦИ НА СЗО: Во изминатите 24. часа се заразиле повеќе од 406. илјади лица – Само во Бразил повеќе од 90.000 новозаразени

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека во последните 24. часа, во светот се потврдени повеќе од 406 илјади новоинфицирани со корона, вкупно 121.838,366 милиони од почетокот на пандемијата.
Повеќе од 7.400 луѓе ширум светот починале, а вкупниот број жртви на ковид-19 од почетокот на пандемијата надминал 2,66 милиони.
Во последните 24 часа, во Европа биле заразени 196.594, во Северна и Јужна Америка 119.728 а во областа на источниот Медитеран 39.472.
Најголем број потврдени случаи од почетокот на пандемијата е регистриран во САД – 30.294.798, потоа во Бразил 11.700.431, Индија 11.474.734, Русија 4.418.436, Велика Британија 4.268.825, Франција 4.037.745, Италија 3.258.770, Шпанија 3.195. 062, 2.911,642 во Турција, 2.594.764 во Германија, 2.305.884 во Колумбија и 2.201.886 во Аргентина, се вели во извештајот на ТАСС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Everyday Brasil (@everydaybrasil)

Во БРАЗИЛ, во последните 24 часа, за прв пат од почетокот на пандемијата на вирусот корона, потврдени се повеќе од 90.000 нови случаи, а второто највисок дневен биланс е забележан кога станува збор за починати.
Според Министерството за здравство, во изминатиот ден во таа земја се регистрирани 90.003 нови случаи на инфекција.
Починале 2.468 лица, откако претходниот ден биле пријавени рекордни 2.798 смртни случаи.
Бразил се соочил со големо зголемување на бројот на нови инфекции и смртни случаи во последните неколку недели, а медицинските експерти предупредуваат дека здравствениот систем наскоро може да пропадне.
Од почетокот на пандемијата, во Бразил се заразени 11.700.431лица, од кои 284.775 починале, а таа земја е втора во светот по двата параметри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Everyday Brasil (@everydaybrasil)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три совети како БИЛКИТЕ да го преживеат вашиот ОДМОР: Бидете без грижа!

Растенијата и одењето на годишен одмор секогаш нè остава во сомнеж што да правиме за …