(ВИДЕО) „Ме слушате ли: Ова сум јас додека се возам преку камења на Марс!“

НАСА објави уште една аудио-снимка на роверот „Perseverans“ (Упорност), кој е во мисија на Марс веќе еден месец, скоро еден месец откако го добивме првото видео и звук од оваа планета.
Станува збор за звук од Црвената планета. Постои бучава и зуење, кои роверот ги произведува со своите тркала додека се движи и ја истражува површината на Марс.
„Дали ме слушате? Ова сум јас додека возам преку камењата на Марс. Ова е првото видео од возењето на Марс”, напишаа тие со објава на Твитер, на налогот што на шеговит начин ја информира јавноста за постапките на роверот од негова перспектива.
Роверот „Perseverans“ слета на Марс на 18. февруари, а неговата мисија е да бара траги од микробиолошки живот во областа на кратерот Језеро, бидејќи научниците сметаат дека на Црвената планета пред милиони години бил можен живот.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 24.06.2021: Ве чека пријатно изненадување и убав гест од некого. Покажете искрена благодарност, доброто се враќа со добро…

Овен Љубов: Не дозволувајте да бидете „лесна мета“ пред личност која има невообичаени емотивни мотиви. …