(ФОТО) Популарната пејачка е болна од рак: „Поради пандемијата одложував да одам на лекар – сега е доцна!“

Пејачката на британскиот бенд Girls Girls Aloud, Сара Хардинг, минатата година сподели со своите следбеници дека страда од рак на дојка, а сега во своите мемоари Hear Me Out таа опиша некои од најтешките моменти во текот на нејзината борба со оваа малигна болест.
„Докторот ми рече пред неколку месеци дека претстојниот Божиќ најверојатно ќе биде мојот последен. Јас воопшто не сакам да знам таква прогноза, не знам зошто некој би го посакал тоа”, напишала таа.
Сè започнало кога почувствувала грутка во градите, но таа не отишла веднаш на лекар. Таа признала дека поради пандемијата на коронавирусот, постојано го одложувала одењето на преглед.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Harding (@sarahnicoleharding)


„Не дозволувајте пандемијата да биде изговор за вас како што беше за мене. Не го одложувајте одењето во болница. Сега е премногу доцна за мене”, предупредила таа.
Кога конечно побарала помош, лекарите ја подложиле на хемотерапија и ја ставиле во индуцирана кома.
„Белите дробови и бубрезите почнаа да ми откажуваат, па лекарите решија да ме стават во индуцирана кома. Не веруваа дека ќе се извлечам, само и рекоа на мајка ми да се подготви за најлошото”, напишала таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …