(Рецепти) Посно, ефтино, вкусно и здраво: Појадок – десерт кој е готов за 20. минути!

Прекрасни рецепти за посни палачинки и мафини. Ќе уживате во секој залак…
Почна големиот пост а никогаш не е едноставно да се смисли што да се подготви за појадок. Верувале или не, за помалку од 30. минути можете да подготвите палачинки и мафини, а при тоа да не треба да издвоите многу пари.
Посни палачинки

Потребно е:
1 чаша брашно
1/2 лажичка сол
1/2 чаша вода
масло
Подготовка: измешајте ги брашното, солта и водата, а тестото треба да биде малку поретко во споредба со смесата што ја правите за стандардни палачинки. Загрејте ја тавата а во подготвената смеса додајте 1 лажица масло.
Со лажица земајте од тестото и печете во тавата. Кога палачинката ќе порумени, свртете ја на другата страна, и кога ќе добие златна боја од двете страни, извадете ја од тавата.


Масни мафини од банана
Потребни состојки:
3 банани
1/4 чаша масло
1 чаша шеќер
1 лажичка сода бикарбона
2 чаши брашно
1 чаша сецкани ореви
1 чаша суво овошје по ваш избор
по желба додадете боровинки
Подготовка:исецкајте ги бананите, измешајте ги со шеќерот и измешајте со помош на миксер. Додадете брашно, сол и сода бикарбона и измешајте со остатокот од смесата.
Ставете го добиеното тесто во калапи за мафини и печете во рерна загреана на 170 степени, околу 18. минути.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …