МРТ, допрва, со комисија ќе утврдува и одлучува што со македонскиот претставник на Евровизија

Македонската Радио Телевизија, под притисок на јавноста, допрва ќе одлучува за овогодинешниот претставник на Евровизија. Од јавниот сервис велат дека интерна комисија ја анализира состојбата и деновиве ќе донесе конечна одлука.

„Македонската Радио Телевизија формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот Евросонг. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската Радиодифузна мрежа, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ“, вели Мери Попова, шефица на македонската делегација на Евровизија при МРТВ.

Ова доаѓа по бурните реакции на јавноста во врска со Васил Гарванлиев и видео спотот на евровизиската песна, во кој проблематични беа неколку кадри од уметничко дело во музеј со боите што ги има и бугарското знаме. Спотот е повлечен и објавена е нова верзија, но дел од јавноста се „фати” за неговото двојно државјанство.
Гарванлиев преку социјалните мрежи се извини на сите кои се почувствувале повредени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

„Во моментот кога дознав дека луѓе се погодени и грешка е сфатено тоа дело во музејот, направив чекор, спотот се смени, се истргнаа тие и го објавивме одново. Во музика нема политика, нема раса, нема боја. Има љубов, има човештво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сè срце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кој и да сте, прости ми”, рече Васил Гарванлиев.

Гарванлиев трета година по ред е претставник на земјава на Евровија. Во 2019-та година како придружен вокал, а лани и годинава како солист. Тој веќе 20. години има бугарски пасош и тоа јавно го кажа во едно интервју лани. Од денеска на интернет се појави и петиција за поддршка на Гарванлиев.

Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи, меѓу кои има и политичари со поддршка, но и со критика за Гарванлиев.
И додека петицијата Васил да не ја претставува земјава на Евросонг за само еден ден ја потпишаа над 18.000 лица.

Фото: Принтскрин/Change.org

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …