Европа пресече: Патување можно со три услови и одобрени вакцини

Европската комисија денес предложи создавање на дигитални зелени сертификати, со цел да се олесни слободното движење во Европската унија за време на пандемијата.
Дигитален зелен сертификат ќе биде доказ дека лицето е вакцинирано против ковид 19 или добило негативен резултат од тест или се опоравило од ковид 19 и има антитела.
Европската комисија вели дека нивниот предлог за сертификат прифаќа сертификати за вакцинација за вакцини кои се одобрени за пласман низ цела ЕУ, но дека земјите-членки можат да одлучат да прифаќаат и други вакцини како услов за слободно патување на нивната територија
Сертификатите ќе бидат достапни за сите граѓани на ЕУ, признати во сите земји на ЕУ, ќе бидат бесплатни и ќе се издаваат во дигитален или хартиен формат.
„Нашата намера е да ги искористиме овие сертификати за да им помогнеме на земјите членки да го обноват слободното движење на безбеден, одговорен и кредибилен начин“, рекла претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Сертификатите ќе содржат ограничен сет на информации, како што се име, датум на раѓање, датум на издавање, релевантни информации за вакцината (тест), закрепнување и единствен идентификатор на сертификатот.
Европските пасоши на ковид ќе важат за вакцините одобрени од ЕМА?

Дигиталниот зелен сертификат ќе важи во сите земји-членки на ЕУ, во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, и ќе им биде издаден на граѓаните на ЕУ и на членовите на нивните семејства без оглед на националноста, како и на носителите на дозволи за престој во ЕУ.
Комисијата наведува дека системот на дигитални зелени сертификати ќе биде „привремена мерка“, која ќе биде суспендирана веднаш штом СЗО прогласи крај на пандемијата 19.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …