(ВИДЕО+ФОТО) Што прави денес златната петорка од славниот спот „Freedom” на Џорџ Мајкл?

Да постоеше Јутјуб во 90-тите години на минатиот век, Џорџ Мајкл ќе ги срушеше сите рекорди со спотот за песната „Freedom”, бидејќи беше обележан со врвни модели, стилски икони, кои го свртеа светот на модата наопаку.


Пробивајќи се како поп-пејач, тој собра пет супермодели кои сите ги оставија без здив. Во јануари 1990. година, Џорџ Мајкл ја видел насловната страница на британското списание „Вог“,на која имало пет врвни модели од тоа време, и одлучил – тие ќе го промовираат неговиот нов албум.
Тоа беа Кристи Тарлингтон, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Линда Евангелиста и Татјана Патиц.

Наскоро беше постигнат договор и петте познати врвни модели се најдоа во неговиот ултра популарен спот за песната „Freedom”. За разлика од Линда Евангелиста, на која навиките од времето на моделирање и припаѓаат на минатото, другите четири супермодели сè уште изгледаат како во 90-тите – совршено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЧУДО ВО ГАЗА: Петмесечно палестинско момче извлечено ЖИВО под урнатините на трикатница – неговото семејство настрадало во израелскиот напад

Петмесечно дете било спасено од урнатините на зградата погодена од израелски ракети во бегалски камп …