Што треба да јадете за вечера ако сакате да живеете долго?

Урамнотежената исхрана и стареењето може да се забават, а експертите открија како треба да изгледа чинија за вечера што го „продолжува животот“.

Храна богата со протеини
Експертите велат дека идеален избор за вечера е пилешкото. Порција пилешки гради има импресивни 28 грама протеини, тврди УСДА.
Секако, консумирањето доволно протеини е многу важно, особено кога станува збор за стареење, вели д-р Џејмс Пауерс, професор по медицина на Одделот за геријатриска медицина на медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Нешвил.
„Вашето тело користи протеини за да создаде нови клетки. Ако не добиете доволно протеини, вашето тело ќе ги извади од вашите мускули, што ќе ве направи послаби“, вели д-р Пауерс.


Губењето на мускулите започнува уште во триесеттите години, вели д-р Роџер Филдинг од Универзитетот Тафтс, па затоа, без разлика колку години имате, важно е да консумирате протеини.
Исто така, протеините имаат добар ефект врз коскената маса во лумбалниот дел на ‘рбетот, забележува мета-анализата објавена во списанието The American Journal of Clinical Nutrition во 2017 година. Одржувањето на коскената маса е важно за да се намали ризикот од остеопороза, пишува Livestrong.
„Ако го забавите губењето на мускулите и коските, што доаѓа со стареењето, можете да одржите активен, поздрав живот“, вели д-р Пауерс.

Шарени намирници
Половина од вашата чинија при секој оброк треба да биде сочинета од овошје и зеленчук . Со урамнотежена, шарена исхрана, веројатно не треба да земате мултивитамински додатоци, бидејќи тие намирници се веќе полни со витамини и минерали.

 

 

Храна богата со витамин Б.
Додадете цели зрна на една четвртина од чинијата, предлага MyPlate. Тоа може да биде кафеав ориз, тестенини од интегрално брашно, киноа, палента… Целите зрна се важен извор на витамини од групата Б.
„Како што стареете, ги празните резервите на вашето тело и немате способност за обновување како кога сте биле помлади – и тоа се однесува на сите органи и системи на вашето тело“, вели д-р Пауерс, додавајќи дека витамин Б е особено важен.
„Тоа ви помага максимално да ја одржувате функцијата на вашиот мозок.

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …