(ФОТО) Надал има тажна вест

По Акапулко, Рафаел Надал го откажа учеството и на друг турнир – Мастерсот во Мајами.
Причината е повредата на грбот што го мачи Шпанецот уште од Австралија опен.

„Тажен сум да објавам дека нема да играм во Мајами, градот што го сакам. Морам целосно да се опоравам и да се подготвам за сезоната на земјени терени во Европа. Посебна порака до моите фанови во САД, а особено до големата заедница на шпанското говорно подрачје што секогаш ми дава голема поддршка“, напиша Надал на Твитер.

Мастерсот во Мајами на програмата е од 24. март до 4. април.
Турнирот минатата сезона не се одржа поради пандемијата на коронавирусот.
Најголемиот успех на Надал во ова натпреварување беа финалињата во 2005, 2008, 2011, 2014 и 2017 година.
„Бикот од Мајорка“ сака подобро да се подготви за сезоната на својата омилена површина, земја.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРЕКРАСНИ ВЕСТИ: Кристијан Ериксен пуштен од болница и ги посетил соиграчите

Играчот за врска на данската репрезентација, Кристијан Ериксен, беше пуштен од болница шест дена откако …