(ФОТО) ДЕПРЕСИВЕН – Арнолд Шварценегер открил колку се здебелил за време на пандемијата

Иако има 73. години и неодамна имаше операција на срцето, тој не смета дека тоа го оправдува…
Поради затворени спортски сали и почести грицкања, голем број на луѓе забележале зголемување на телесната тежина. Се чини дека дури и’ популарниот актер Арнолд Шварценегер се чувствува потполно исто.
„Се здебелив пет килограми. За време на состаноците на Интернет, носам темна облека и се чувствувам добро, но кога ќе се погледнам во огледало навечер, го гледам стомакот и се проколнувам: Арнолд, ти освои 13. титули во боди-билдинг. Гинисовата книга на рекорди те опиша како најсовршен човек во историјата. Што се случи со абдоминалните плочки? Што се случува? Ова е депресивно“, признал тој на Инстаграм.

Иако има 73 години и неодамна имаше операција на срцето, тој не смета дека тоа го оправдува. Тој решил да се предизвика себеси и да достигне 99. килограми до крајот на месецот. Тој ги поканил своите следбеници да постават цели и за себе.
„Сите ние доживуваме неуспеси, но тие не се трајни. Можете да го направите тоа“, додал тој и најавил дека ќе започне да објавува билтен во кој ќе споделува совети како да се храните здраво, да тренирате и да останете позитивни за време на пандемија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …