Изборот песни „Времето тече низ слогови“ од португалскиот лауреат Жоао Луис Барето Гимараш објавен од „Макавеј“

Издавачката куќа„Макавеј“од Скопје го објави изборот песни Времето тече низ слогови од современиот португалски поет Жоао Луис Барето Гимараиш.

Препевот,поткрепен од португалскиот фонд „Камоиш“ и Генералниот директорат за книги, архиви и библиотеки ДГЛАБ, го направи истакнатата поетеса Наташа Сарџоска.


Преведувачката Наташа Сарџоска го опишува изборот како „жива, непосредна, енигматична поезија, исполнета со неочекувани метафори, двосмислени и наместа непреводливи замки, скокови, алегории и живи контрасти на ситуации, емоции и алузии. Поезија на мигновеното, на етеричното, на непрекинатото животно вибрирање на зборот. Како поет, верувам дека оваа поезија на португалскиот поет и хирург Жоао Барето Гимараиш ќе ја освежи и предизвика поетската креативност на нашите поети. Како преведувач, не беше лесно да се преведе оваа поезија којашто е толку силно сосредоточена на играта на зборот, на двосмисленоста, на хомонимијата и на полисемијата, но убедена сум дека со овој преведен поетски глас, ќе се збогати лузофонската книжевна ризница на македонски јазик“ вели Сарџоска.


„Овој изборни го дава досега најдоброто од г-дин Гимараиш на македонски, почнувајќи од неговата збирка Има виолина во ова племе од 1989 година сè до неговата збирка Номад од 2018 година. Тоа е четиво што, во секој случај, со своите необични и наместа непреводливи конструкции, го изискува секој драгоцен миг читателско внимание. Како читател, бев под впечатокот дека сум фрлен во когнитивниот ринг на поетот-хирург чијшто јазик не бира ниту погодни мигови ниту реторички изговори да го нападне читателот со своите естетски убедливи и беспоговорни поетски слики“, коментира уредникот на изданието Владимир Цветкоски.

Книгата на португалскиот лауреат ќе може да се најде во книжарниците на„Или-Или“,„Култура“и„Антолог“.


БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ:

ЖоаоЛуисБаретоГимараиш е португалски лекар, преведувач и поет. Роден е во градот Порто, на 3 јуни 1967 година. Студирал на Универзитетот во Порто, каде што се здобил со диплома по медицина и по хирургија.

Се истакнал како поет и преведувач,откако ја издал својата прва поетска книга „Има виолина во ова племе“, во 1989 година. Во 2019 година тој го уредил изборот од сто песни „Времето тече низ слогови“ во знак на одбележување на неговата триесетгодишна кариера како писател. Неговите дела се објавени во повеќе антологии и списанија за литература, во Португалија, Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, Велика Британија, Германија, Австрија, Италија, Унгарија, Бугарија, Романија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Мексико, Уругвај, во Доминиканската Република, Соединетите Американски Држави и во Бразил.

Тој исто така го уредува веб-блоготPoesia&Lda, каде што превел и коментирал повеќе песни од современи автори. Исто така работи како лекар во болничкиот центар „Вила Нова де Гаја“, како специјалист во пластична, реконструктивна и естетска хирургија. Во 1992 година, му беше доделена наградата за креативност на Обединетите нации. Во 2017 година ја доби Националната поетска награда „Антонио Рамос Роса“, организирана од општината Фаро, за неговата книга „Медитеранот“. Во 2019 година, со својата збирка „Номад“, ја освои наградата „Бертран“ за поетска книга на годината. Бил финалист двапати за италијанската книжевна награда „Камајоре“, номиниран во 2019 година за делото „Медитеран“ и во 2020 година за делото „Номад“.

Во 2020 година, на англиската верзија на неговата поетска збирка „Медитеран“ и беше доделена наградата книга поезија „WillowRunPoetry“, од издавачот „HiddenRiverPress“, кој ќе ја објави на книгата во САД. Тој бил првиот не-американски автор кој ја освоил оваа награда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МНТ: ЗАМИНА НАШИОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ (1967 – 2023)

Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот колега и пријател – актерот …