Времето во наредните пет дена: Ладно со ветер и дожд и снег на планините

Денеска од УХМР најавуваат променливо облачно со сончеви периоди во западните делови, во источните значително облачно со врнежи претежно од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови каде ќе досигнува брзина и над 65 км/час. Температурите ќе се движат од 6 до 12 степени, на југот.
За утре се најавува умерено облачно и студено. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен во источните делови и вдолж Повардарието. Во крајните источни делови ќе провејува слаб снег. Се најавуваат температури од -3 до 10 степени.
Во четврток се очекува да биде умерено облачно и студено со умерен северозападен ветер. На планините и на некои повисоки места со појава на повремен слаб снег.
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 12°C


Во петок ќе биде умерено облачно и студено со слаб до умерен југозападен ветер. На планините ќе има услови за провејување на слаб снег.
Минимална температура: -7°C до -1°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Животоприемен извор: Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради …