(ВИДЕО+ФОТО) Од бакнеж кој го воодушевил светот до развод од 350. милиони евра

Икер Касилјас, легендарниот голман на Реал и Шпанија и неговата тогашна девојка, телевизиската репортерка Сара Карбонеро, го воодушевија светот по финалето на Светското првенство во 2010 година.
Најлегендарната сцена на СП 2010 година
Тогаш Касиљас, давајќи изјава пред новинарите по освојувањето на Светскиот куп на телевизија, и се заблагодари на Сара Карбонеро за поддршката и ја бакна во уста. Таа беше зачудена и коментираше: „Мајко мила…“
Таа сцена остана можеби најимпресивната од тој Мундијал, а голманот и репортерката воодушевија од спонтаните реакции во оваа прилика.


Тие беа поим за идилична љубов и семејство

Касиљас и Сара четири години подоцна го добија синот Мартин, а се венчаа во 2016. година, пред раѓањето на нивниот втор син Лукас.
За сето ова време тие беа поим за примерен пар, без афери и расправии, а заради скромноста беа и омилени. Ова стана уште повеќе претходната година, кога Свети Икер, како што Шпанците го нарекуваат одличниот голман, ги надмина последиците од срцевиот удар со голема помош на неговата сопруга.
Откако Шпанија се опорави од шокот, започнала да ги собира нивните милиони
Сепак, сега на идиличната љубов и дошол крај. Касиљјас и Карбонеро објавиле дека по 11 години врска и пет години брак се разведуваат. Оваа вест ја изненади Шпанија, а тамошните медиуми пишуваат дека овој развод ќе биде интересен и заради големото богатство кое е стекнато за време на нивниот заеднички живот.
И’ покрај заедничките банкарски сметки а без заеднички имот, Касиљас изградил деловна империја проценета на 350 .милиони евра пред и за време на неговиот живот со Карбонеро. Има четири компании за недвижнини кои минатата година пријавиле приходи во вкупна вредност од 25. милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ѓоковиќ: Со ваква игра, можам до крајот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ не бил лошо расположен по поразот во финалето на турнирот од Мастерс серијата …