(ФОТО) АКО ИМА ПОТРЕБА СЕ’ Е СОЧУВАНО И СКРИЕНО: Меган и Хари имаат докази дека се навредувани и злоставувани од кралското семејство!

Внукот на кралицата Елизабета Втора и неговата сопруга имаат е-пошта и пораки на мобилните телефони кои ги потврдуваат нивните обвинувања

На работ на солзите – Меган Маркл за време на интервјуто

Бурата сè уште не се смирува по интервјуто што принцот Хари со неговата сопруга Меган Маркл и го дадоа на Опра Винфри, а според последните наводи, парот што го напуштил британското кралско семејство има докази за бомбастичните обвинувања изнесени за време на двочасовниот разговор со американската водителка! Според „Дејли меил“, црвенокосиот внук на кралицата Елизабета Втора и неговата сопруга, американска актерка чија мајка е афроамериканка, зачувале меилови и пораки на мобилните телефони што ги натерало да го напуштат удобниот живот на дворот и да се преселат на американскиот континент.

Се познаваат веќе 17 години

Постоењето на докази го откри Џанина Гаванкар, блиска пријателка на Меган Маркл.
„За да им биде јасно на сите, зборувам во мое лично име, а не нивно“, рекла таа на почетокот на разговорот и продолжила:
„Ја познавам Меган 17. години и таа не е некој што лесно би си играл со судбините на луѓето. Таа не би ги злоупотребила луѓето со кои работи. Таа и Хари се жртви. Сигурна сум дека вистината ќе излезе на виделина. Тие имаат доволно докази за нивните обвинувања. Има многу пораки на мобилните телефони и електорнска пошта. Да потсетиме, меѓу најшокантните обвинувања на Хари и Меган е дека еден постар член на кралското семејство ги прашал каква боја на кожата ќе има нивното бебе и дека на Меган и било препорачано да се смири и да не го посрамоти семејството кога се пожалила дека има психички проблеми и размислува за самоубиство.

Принцот Вилијам: Ние не сме расисти!
„Британското кралско семејство не е расистичко“, рекол принцот Вилијам и додал дека тој сè уште не разговарал со неговиот помлад брат, принцот Хари. „Сè уште не сум разговарал со него, но ќе зборувам“, рекол принцот Вилијам на настан во источен Лондон. На прашањето дали кралското семејство е расистичко, принцот Вилијам одговорил: „Не, ние не сме расистичко семејство“, рекол тој.

На дворот вонредна состојба
Таблоидите известуваат дека на дворот има вонредна состојба. Кралицата, наводно, била решена целосно да ги испита обвинувањата на нејзиниот внук и решила да разговара лично со постарите членови на семејството за да открие кој ги навредувал на расна основа. Покрај тоа, на вработените во Бакингемската палата им е строго забрането да се огласуваат по скандалот и да даваат анонимни изјави за медиумите.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …