(ВИДЕО) Тато ја избричил брадата – реакциите на неговите близначки се непроценливи

Урнебесно видео од девојчињата кои не го препознале татко им бидејќи ја избричил брадата, насмеа многумина. Џонатан Нормајл се решил на тој потег, но не очекувал дека близначките нема да го препознаат поради тоа.
Тој објави убаво видео на „ТикТок“ во кое се појавува пред ќерките како седат на каучот. Отпрвин го гледаат збунето, а потоа тој ги прашува: „Еј, што правите?“.
Една од близначките во тој момент почнува да плаче, а она што се случи во следниот момент го направи ова видео хит.
Имено, таткото му понудил на девојчето да ја земе во раце и да ја теши затоа што плачела, а нејзината сестра потоа ја ставила раката пред неа, како да сака да ја заштити. Тогаш и самата се расплакала.
Видеото е прегледано 8,6 милиони пати, и сигурно ќе ве стопи и вас.

@jonathannormoyle1I shaved for the first time in a while and my girls did not like it.


♬ original sound – Jonathan Normoyle


Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Омикрон сој: Повисока инфективност – помалку тешки случаи

Голем број мутации во новиот вид на корона вирусот „омикрон“ може да доведат до потешка …