(ВИДЕО) За 15 минути: Обланда со плазма и бело чоколадо!

Оваа обланда ќе ја направите за 15 минути и ќе бидете воодушевени од вкусот.
Состојки:
1 мало пакување обланди
125 гр путер (или маргарин)
100 гр шеќер
50 гр бело чоколадо за готвење
200 мл павлака 20% мм
1 ванилин шеќер по желба
150гр мелени бисквити од плазма
За глазурата:
50 гр бело чоколадо за готвење
3 лажици слатка павлака
2 лажици сецкано темно чоколадо за украс
Подготовка: на умерена температура се топат путерот или маргаринот, шеќерот и белото чоколадо. Тргнете ги од оган и додадете павлака и ванилин шеќер. Мешајте додека состојките не се соединат. Постепено додавајте ја плазмата. Потоа поделете го полнењето на 4. еднакви делови и наполнете ги обландите. На секоја кора ставете по еден дел од филот. Ставете го петтиот лист обланда со рамната страна нагоре, ако сакате глазура од чоколадо, а ако не сакате, ставете го како претходните 4 листови. Ставете хартија за печење и над обландата ставете нешто тешко. Така нека стои 2 часа.
За глазурата стопете го белото чоколадо и слатката павлака. Премачкајте ја обландата. Украсете со сецкано темно чоколадо додека глазурата сеуште не се зацврстила.

Фото: Принтскрин/youtube/kuvajmo lako

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како лебот со кисело тесто стана сè популарен?

Лебот претставува главна состојка во исхраната кај децата и возрасните. Во солена или блага варијанта, …