За животот во Норвешка, нашинци кои се таму, велат дека е слично како во повеќето европски држави.
Во оваа скандинавска земја не е ништо подобро, не постои полициски час, но има ограничувања на сите страни.
„Веќе со месеци во Осло работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи. Рестораните и кафулињата имаат дозвола да доставуваат храна, кината и театрите се затворени. Од спортските активности, дозволени се само организирани спортови за младинци до 19. години и професионалци во врвните лиги, останатите не“, ни реченашиот соговорник (кој сакаше да остане анонимен) кој веќе осум години живее и работи во Норвешка.
View this post on Instagram
„Во Норвешка не размислуваат за воведување полициски час, бидејќи Норвежаните навистина сакаат да одат во природа, но препораката на властите е секој што може да работи од дома. Ова е особено нагласено за оние кои користат јавен превоз за да одат на работа, бидејќи во спротивно на сите им се препорачува да користат автобуси, трамваи и подземни железници само доколку е апсолутно потребно. И тоа најчесто се почитува“.
View this post on Instagram
Нашиот соговорник нагласува дека овие мерки и ограничувања во моментов се однесуваат на Осло, додека во некои делови на земјата е поинаку, бидејќи норвешката влада им дала слобода на општините да одлучуваат за овие мерки. Во областите на северот на земјата, кои се помалку населени и каде што проблемот со короната е помалку изразен, условите се нешто поповолни.
View this post on Instagram