Апсолутен хит: Чоколадна торта од само 2 состојки – без шеќер!

Од само две состојки може да се испече одлична торта – јајце и чоколадо. Ви го донесуваме најлесниот рецепт за вкусен десерт, кој ќе го изненади целото семејство.
Состојки:
4 јајца
250 грама чоколадо
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 170 степени
2. Се топи чоколадото на пареа или микробранова печка додека не се стопи целосно
3. Одделете ги жолчките од белките
4. Со миксер изматете ги белките во тврда пена
5. Постепено додавајте ги жолчките во растопеното чоколадо и сè добро измешајте
6. Внимателно измешајте ги белките во смесата од чоколадо и жолчка
7. Вметнете ја смесата во намастен плех за торта од 15 сантиметри
8. Ставете да се пече во рерна 30 минути.
9. Сервирајте поткако убаво ќе се излади. Пријатно!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …