(ВИДЕО+ФОТО) Вдомил женка, германски овчар, од азил која никој не ја сакал – 4. месеци подоцна таа му го спасила животот!

ПЕНЗИОНЕР од Њу Џерси, 59-годишниот Брајан Мајерс, во октомври минатата година ја посвоил Сади, 6-годишна кучка германски овчар.
Нејзиниот претходен сопственик ја оставил во азил поради преселба, а бидејќи порано била агресивна, никој не сакал да ја земе. Како резултат на тоа, таа сменила дури три азили.
Но, во азилот Рамапо-Берген, Брајан наишол на неа и тие веднаш се согласиле. Тој реши да ја посвои и да и го спаси животот во азил, а само четири месеци подоцна таа му го спасила животот, пишува Washington Post.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Ramapo-Bergen Animal Refuge (@rbarishelter)


Имено, Брајан на 16. јануари доживеал мозочен удар.
„Само се струполив на подот, не можев да ја почувствувам левата страна на моето тело и не можев да станам. Беше страшно”, рекол Брајан.
Но, за среќа, Сејди била таму и таа сама знаела што да прави.
„Мобилниот телефон беше на комодата на оддалеченост од 4. и пол метри, но немаше како да стигнам до него. Сејди се приближи до мене и загрижено цвилеше. Ја погалив по десната рака и се фатив за нејзината огрлица”, се присетува Брајан.
Сејди инстинктивно почнала да го влече кон комодата.
„Таа не беше обучена да спасува, но беше вознемирена и можеше да заклучи дека имам проблеми. Не знам како го стори тоа, но таа знаеше”, рекол Мајерс, кој успеал да ја крене десната рака и да посегне по мобилниот телефон од кој повикал помош.
На Брајан во болницата му било потврдено дека имал мозочен удар. Лекарите му рекле дека Сади најверојатно му го спасила животот. Мајерс потоа започнал физикални терапии кои му вратиле голем дел од мобилноста.
За тоа време, за Сејди се грижел братот на Брајан, а на 9-ти февруари следувала трогателна средба помеѓу кучето и нејзиниот сопственик.

Она што ја прави оваа приказна уште попосебна е фактот дека азилот Рамапо-Берген собрал 14.000 УСД, за рехабилитација на Мајерс и за трошоците на Сејди.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за сабота, 04.12.2021: Подобро е да ги смирите страстите отколку да се вклучите во дискусија -размислете за можните последици…

Овен Љубов: Ако ви е важно да влијаете на мислењето на партнерот, употребете малку лукавство. …