(ФОТО) Фајзер вакцината ефикасна веќе 11. дена по првата доза

Една доза од вакцината Фајзер постигнува скоро целосна ефикасност околу 11. дена по примањето, па може да се покаже дека втората доза не е потребна, покажала студија спроведена од научници од Универзитетот Барнет во Мелбурн.
„Ова се новости што можат да донесат оптимизам. Ефикасноста на mRNA вакцината против ковид започнува на 11-тиот ден од примањето. Ова ја отвора можноста за добивање заштита за краток временски период“, рекол њујоршкиот Medrxiv,, сајт кој е во сопственост на непрофитната лабораторија во Колд Спринг Харбор.


Во текстот се вели дека нема очигледен напредок во давањето на втората доза по три или четири недели, што само укажува на јачината на првата доза (барем во краткорочни услови кога се ограничени залихите) и им помага на здравствените услуги поголема флексибилност кога доаѓа до втората доза, доколку се утврди дека е неопходна.
Угледниот Форбс го цитира медицинскиот журнал New England medisin, во кој се наведува студијата дека луѓето кои ја примиле втората доза покажале силен имунолошки одговор на новите соеви на ковид, само одговорот бил помал во однос на јужноафриканскиот сој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА AKЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Во периодот од 18 до 22 мај 2021 година,  ЈП Комунална хигиена–Скопје ќе спроведе акција за собирање …