На овој сигнал не реагира четвртина од возачите, а може да ве спаси од скапи сервиси

Сите се сеќаваме на времето кога сигналните сијалички ретко укажуваа на вистинска дефект.
Како што покажува оваа студија, повеќето сè уште живеат со такво уверување. Ако сте од оние кои реагираат на сигналното светло за „проверка на моторот“ со мавтање со раката и одложување на посетата на сервисот, потпирајќи се на сопствената дијагностика, резултатите нема да ве изненадат.

Секоја четврта личност никогаш не оди на сервис
Имено, истражувањето објавено на веб-страницата Review.com покажало дека само 36,1% од сопствениците реагираат на запалената сигнална сијаличка со одење во сервис за да го проверат возилото. И не само тоа, бидејќи една четвртина од испитаниците никогаш не одат на сервис за да ја проверат причината за активирање на сигналната сијаличка, а процентот на оние кои чекаат до една година пред да одат на сервисе нешто подобар. Имено, во првата година 29,6% од нив отишле на сервис.
За утеха, да речеме дека истражувањето се однесува на Америка и опфаќа релативно мал број испитаници, 1239 од нив.


„Не сакам да знам што не е во ред. Тоа е веројатно дефект што не можам да си дозволам да го поправам во моментот”, е едно од објаснувањата што авторите на студијата го добиле од анонимен учесник. Меѓутоа, ако сакате да заштедите пари, често е подобро веднаш да проверите што е со автомобилот. Постојат сервиси што ќе го поврзат вашиот автомобил за дијагностика бесплатно или со минимален надомест и без обврска за поправка.
Затоа што ако сте меѓу оние 9,2% од испитаниците кои чекаат нешто сериозно да се случи со автомобилот пред сервисот, тоа нема да биде добро. Во тој случај, поправката ќе биде исклучително скапа.

Кој е посовесен, мажите или жените?
Машката склоност кон техниката овде е меч со две острици. Тие се оние кои ќе мавтаат со својата рака двојно почесто и ќе заклучат дека сервисот сè уште не е потребен. Жените се далеку посовесни, покажува оваа студија, особено ако се постари од 45. години. Имено, скоро половина од испитаничките постари од 45 години одат на сервис веднаш по активирање на сигналната сијаличка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Иновација во која се вложени повеќе од 8 милијарди долари– IQOS

 Филип Морис Интернешнл (ФМИ) прави трансформација во тутунската индустрија со цел да создаде иднина без …