(ФОТО) Британците пишуваат дека кралицата одбива да го потпише одговорот на интервјуто на Меган и Хари!

Британскиот Daily Mail реакцијата на Бакингемската палата на интервјуто на Меган и Хари ја опишал како „ужас и запрепастување“.
Кралицата, принцот Чарлс и принцот Вилијам долго разговарале за тоа како да реагираат на низата обвинувања направени од Хари и неговата сопруга Меган за време на двочасовниот специјал со Опра Винфри на американскиот CBS. Извори од палатата тврдат дека постои „личен шок и тага“ меѓу членовите на кралското семејство, но дека кралицата сепак одбива да го потпише официјалното соопштение на палатата и бара повеќе време да одговори на интервјуто.
На Mail му било кажано дека кралскиот персонал останал буден до 3. часот наутро и го гледало интервјуто преку видео-врска во живо од САД со „зголемено чувство на ужас и тага“. Приватниот секретар на кралицата Сер Едвард Јанг и приватниот секретар на Чарлс, Клив Алдертон, наводно го гледале интервјуто во Бакингемската палата.
По интервјуто, наводно, биле подготвени брифинзи за членовите на кралското семејство и било договорено секој одговор да биде координиран помеѓу кралицата, Чарлс и Вилијам.

Наводно биле свикани кризни состаноци, на кои присуствувале високи функционери од палатата, како и високи членови на кралското семејство, лично и по телефон, како и преку видео повици.
Mail исто така пишува дека вработените во палатата се длабоко разочарани и изневерени од работите презентирани во интервјуто.
Кралицата во Виндзор разговарала со нејзиниот син Чарлс кој бил во Кларенс Хаус, неговата куќа во Лондон и внукот Вилијам, кој се вратил во Лондон од Норфолк во подготовка за враќањето на децата на училиште.
Да потсетиме, Меган и Хари обвинија неименуван член на кралското семејство за расизам, сугерирајќи дека палатата се загрижила „колку ќе биде темно нашето бебе“. Тие исто така рекоа дека делумно биле протерани од Британија од расизмот и ја обвинија палатата дека не и помагала на Меган која се борела со самоубиствени мисли.

Меган исто така изјавила дека Кејт Мидлтон ја расплакала на денот на кралската венчавка, а Хари рекол дека е разочаран од неговиот татко принцот Чарлс и дека тој и Вилијам се оддалечиле.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – 17. ЛИЦА ПОЧИНАЛЕ: Денес се регистрирани 554. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа …