Наскоро во ЕУ пристигнува нова вакцина а црквата се спротивставува поради составот

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ веќе е одобрена во САД. Лесно е да се чува а заштитува од бразилските и јужноафриканските соеви на вирусот. Наскоро треба да биде одобрена во Европската унија, иако Католичката црква се противи на тоа.
Одлука на Европската агенција за лекови се очекува овој месец. Вакцината најверојатно ќе биде четврта одобрена во Европската унија, по вакцините Фајзер, Модерна и АстраЗенека. Американската агенција за блекови ја одобри Џонсон и Џонсон кон крајот на февруари.
Оваа вакцина покажа малку пониска вредност од претходно тестираните, причината за тоа се најверојатно новите мутации на вирусот, кои не беа присутни при тестирање на другите вакцини.
Клиничките студии покажуваат дека оваа вакцина е ефикасна и против бразилскиот и јужноафриканскиот сој на вирусот. Оваа вакцина сè уште не е употребена во Велика Британија, па затоа не се знае многу за нејзината ефикасност против британската варијанта на вирусот.


Јасни предности
Џонсон и Џонсон имаат една голема предност, се дава само една доза, повторна вакцинација не е неопходна. На тој начин, многу побрзо и многу повеќе луѓе можат да бидат заштитени.

Понатамошното тестирање треба да разјасни дали е можно да се зголеми ефикасноста со добивање на две дози, како кај конкурентите.
Може да се чува на обична температура на замрзнувач, бидејќи за разлика од вакцините на Фајзер и Модерна , таа е векторска вакцина заснована на вирус. Според дизајнот, вакцината е слична на АстраЗенека.
Третата фаза на тестирање, во која учествувале 44.000 луѓе од САД, Бразил и Јужна Африка, покажа дека вакцината е подеднакво ефикасна кај постарите лица, како и кај младите.
Што е најважно, никој од вакцинираните не починал или не морал да оди во болница.


Критика на католичката црква
Џонсон и Џонсон планираат да произведат вкупно една милијарда дози оваа година. Тие ќе бидат произведени во САД, Европа, Јужна Африка и Индија.
Конференцијата на бискупите на САД ги повика католиците да ја избегнуваат оваа вакцина, ако е можно, при изборот на вакцина за коронавирус. Бидејќи во нејзината изработка и производството биле користени клетките од ткивата на абортираните фетуси. Слични пораки биле испратени од американските бискупи во декември, во врска со вакцината АстраЗенека.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали има идеална разлика во годините меѓу романтичните партнери? Еве што велат новите истражувања

Ако воопшто можеме да планираме љубов, ова би можело да биде идеалната разлика во годините …