Еве зошто се сугерира дека во пандемијата на корона вирусот дефинитивно треба да се престане со пушењето!

Пушачите треба да ја сфатат пандемијата како најсериозно предупредување за веднаш да се запре оваа лоша навика, велат здравствените експерти. Студиите покажуваат дека пушачите имаат поголема веројатност да се разболат, па дури и да умрат ако се заразат со коронавирусот отколку непушачите.
Пушењето ги оштетува трепетелките, ситните влакна налик на четка што ја покриваат површината на белите дробови и постојано се движат ритмички.


„Тие се систем за чистење на белодробен отпад“, вели пулмологот и интернист Стефан Андреас, член на Германската фондација за бели дробови. „Трепетилките ги туркаат слузта и бактериски талог нагоре за да можете да ги искашлате“.
Ова е многу важна функција ако вашите бели дробови се нападнати од коронавирус. Добрата вест е дека трепетелките релативно брзо се опоравуваат по престанокот на пушењето.
„Откажувањето од пушењето релативно брзо го намалува ризикот од тешки симптоми на ковид. Не во истата секунда, туку се’ повеќе секој ден”, вели Андреас.


Истиот совет го дава и Светската здравствена организација (СЗО), кој посочува дека пушачите се со поголема веројатност да се заразат со коронавирусот затоа што постојано ги ставаат рацете до устата.
„Нема ниту едно парче бели дробови на кое не му штети пушењето“, предупредува Андреас. Колку повеќе и подолго пушите, толку е поголема штетата. Вклучувајќи го и трајното.
Иако престанокот со пушење го намалува ризикот од потешки симптоми на инфекција, сепак е поголем отколку кај луѓето кои никогаш не пушеле.


Тој ризик е околу 30. проценти поголем кај поранешен пушач кој пушел кутија цигари на ден (или две пакувања 15. години) во споредба со личност која никогаш не била пушач, рекол Андреас.
Ова значи дека пушачите и поранешните пушачи мора да бидат особено внимателни во однос на инфекциите со коронавирусот и да ги почитуваат сите мерки на заштита, заклучил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 4.000.000 ЛУЃЕ ВО ШОК ГЛЕДАЛЕ ШТО И СЕ ЗАГЛАВИЛО МЕЃУ НОЗЕ: „Зачекорив, слушнав писок и видов нешто ЦРНО!

Една жена се згрозила откако открила жив лилјак кој виси од нејзиното меѓуножје откако го …