(ВИДЕО+ФОТО) Куќињата на Бајден исфрлени од Белата куќа: Го нападнале обезбедувањето!

Американскиот претседател Џозеф Бајден своите две кучиња ги вратил во приватна резиденција во Вилмингтон, Делавер, по инцидентот во кој едно од кучињата гризнало член на обезбедувањето на Белата куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Dr. Jill Biden (@flotus)

Тригодишното куче Мејџор, помладо од двата германски овчари на претседателот, се однесувало агресивно, скокајќи, лаејќи и напаѓајќи ги персоналот и агентите на Белата куќа.


Изворите го спомнале инцидентот со каснување без да наведат дали има повредени. Инцидентот, сепак, се сметал за доволно сериозен за да двете кучиња, Мејџор и 13-годишниот Шамп, бидат вратени во куќата на Бајден во Вилмингтон минатата недела.
Мејџот кога Бајден и неговата сопруга Џил го посвоиле од прифатилиште за животни во ноември 2018. година бил првото посвоено куче во Белата куќа каде се преселил, со семејството Бајден, по инаугурацијата во јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by First Lady Dr. Jill Biden (@flotus)

Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, немаше милениче во Белата куќа.
Во интервју минатиот месец, првата дама Џил Бајден изрази загриженост за сместување на кучиња во нивната нова резиденција во Вашингтон.
„Треба да одеат со лифтот, на кој не се навикнати, и да излезат во дворот каде што има многу луѓе што ги гледаат“, рекла таа.

Засега е непознато кога и дали на кучињата на Бајден ќе им биде дозволено да се вратат во Белата куќа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Дејан Георгиевски доживеа велелепен дочек во Скопје!“Благодариме Македонијо!“

Македонија дишеше во ритамот на Дејан на олимписките игри…Секоја борба се очекуваше и доживуваше со …