(ФОТО) Короната не ја одмина ниту Тамара Тодевска:„Ајде нека е честито…Не сум добро имам симптоми…“

Пред нецели две недели Тамара и Тијана имаа концерт на една интернет платформа кој помина одлично, а со денешната објава ги исплаши своите фанови.
Имено денес нашата позната пејачка Тамара Тодевска на својот Инстаграм – профил објави дека е позитивна на ковид – 19.

На објавата таа го прикажа и резултатот од тестирањето на кој според направената анализа е наведено дека има присуство на вирусот SARS CoV-2

Тамара под објавата напиша: „Ајде нека е честито“

Додека Тамара го чекаше резулатот од тестирањето направи мини прашалник на својот инстаграм – профил со цел да не мисли на резултатот, а на едно прашање на еден нејзин фан како се чувствува таа напиша:
„Не сум добра, фала на прашање, имам корона симптоми, чекам резултати и така…“

На Тамара и посакуваме брзо и лесно справување со вирусот кој ете не ја одмина ниту неа, а сигурно нема да и биде лесно бидејќи тука се и двете дечиња кои сигурно ќе сакаат да се со својата мајка…

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Кралското семејство објавило комеморативно видео за принцот Филип

Во пресрет на погребот на принцот Филип, кој почина на 100-годишна возраст, кралското семејство на …