(ФОТО) ИСКРЕНО – Потресна исповед на ѕвездата на „Потера“ Аутизмот ме спречи да ја пронајдам вистинската љубов!

Ѕвездата на шоуто „Потера“ открила зошто е сè уште сама на 62 години…
Ени Хергети, која во јавноста стана позната како еден од трагачите во шоуто „Потера“, ја раскажала својата шокантна приказна за аутизмот, што, според нејзиното мислење, ја спречило да ја запознае вистинската љубов.
Нејзината најдолга врска траела само четири месеци, а сепак и понатаму се бори кога станува збор за љубовта. Таа се пошегувала на своја сметка, велејќи дека има многу ниско ниво на „емоционална интелигенција“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hegerty (@annehegertyuk)

Таа има Аспергеров синдром, форма на аутизам што често ја отежнува социјалната интеракција и комуникација. На Ани овој облик на болеста и бил дијагностициран на 40-годишна возраст и признава дека е многу воздржана кога станува збор за љубовта. Говорејќи за прв пат пред камерата, Ени вели дека една од работите што оди со аутизмот е тоа што таа не може да одржува врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne Hegerty (@annehegertyuk)

„Мојата најдолга врска беше четири месеци. Тој живееше во Брајтон, а јас во Манчестер. Тој беше прекрасно момче, но едноставно не можев да му посветам толку внимание колку што им треба на луѓето“, рекла Хергети и додала:„ Кога дознав дека сум аутистична, тоа ми разјасни многу работи, а едно е, да, воопшто не можам да успеам. Затоа се чувствувам клаустрофобично во врската. Јас секогаш сметам дека тоа воопшто не е наменето за мене “, заклучила Ени, која се прослави со учество во разни реални шоуа, а во 2018. година, беше учесник во шоуто „Јас сум славна“.

Фото: Принтскрин/Youtube/BestOfTheChase

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Глумицата која со години се бори со ракот овие денови има причини за славење!

Кога неодамна на социјалните мрежи напиша дека е подготвена да замине и дека веќе напишала …