КОРИСНО – Сте прележале корона вирус? Еве како да ги исчистите крвните садови !

Дури и најмалото пореметување може да предизвика сериозно нарушување на здравјето кај една личност…
Мрежата на капилари, крвни садови и артерии служи за пренесување на крв полна со кислород и хранливи материи низ човечкото тело. Без него, органите не би можеле воопшто да функционираат.

Ја подобрува циркулацијата
Дури и најмало пореметување може да предизвика сериозно нарушување на здравствената состојба на поединецот, па дури и да го доведе во прашање неговиот живот. Мозокот значително страда и крвниот притисок се зголемува. Овие процеси може да резултираат со мозочен удар, срцев удар и други сериозни болести.
Крвните садови стануваат особено чувствителни дури и по прележувањето на коронавирусот, бидејќи истражувањата покажаа дека вирусот ги уништува крвните садови, го оштетува срцето и дури доведува до формирање на тромбови. Ова ќе ви помогне, велат експертите.

Пискавица – ((лат. Trigonella foenum-graecum) – тилчец е добар за варење, маснотиите во крвта, ја подобрува циркулацијата и го забрзува метаболизмот. Сапонините помагаат во намалување на нивото на ЛДЛ холестерол што ги заглавува артериите. За лековити пијалок, ставете една лажичка тилчец во вода и оставете ја да се впие преку ноќ. Следното утро, испијте ги натопените тилчеци со водата на празен стомак. Повторувајте ја постапката неколку месеци.

Ленено семе – Изобилството на алфа-линоленска киселина (АЛА) во семето од лен го намалува воспалението и крвниот притисок, со што се чистат артериите и се зголемува целокупното здравје на срцето. Семето од лен содржи влакна кои се врзуваат за „лошиот“ холестерол и помагаат во чистењето на крвните садови. За чистење на запушените артерии, консумирајте дневно две до четири лажици семе од лен. Можете да додадете лажица семе во супа, смути и сокови или да ги додадете во салати.

Крвен притисок
Калинка – Богатството на антиоксидантни фитохемикалии во калинка ги штити крвните садови од оксидативно оштетување, што предизвикува таложење на плак и згрутчување на крвта во артериите. Ова овошје го стимулира производството на азотен оксид во крвта што помага да се отворат артериите и да се регулира крвниот притисок. Препорачливо е да јадете едно до две свежи овошја на ден или да пиете чаша свежо исцеден сок.

 

Состојка на многу јадења


Чили-пиперката, иако е неопходна состојка во многу јадења и сосови поради исклучително зачинетиот вкус, спречува акумулација на холестерол благодарение на активната состојка – капсаицинот. Го намалува нивото на лош холестерол, што го намалува ризикот од запушување на артериите. Придонесува за подобра циркулација на крвта и помал ризик од мозочен удар и срцев удар.
За да подготвите лековит пијалок, треба да додадете половина кафена лажичка чили (каенска) пиперка во 250 милилитри топла вода. Пијте ја оваа мешавина двапати на ден, неколку недели.

Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …