Дали повторно ќе „бидеме заклучени“? – Комисијата за заразни болести предлoжила воведување полициски час во цела држава од 22. часот навечер до 5. часот наутро!

Министерстeрот за здравство д-р Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава. 
Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае истиот.
Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.
Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.
Владата на РСМ на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …