(ВИДЕО+ФОТО) Новак Ѓоковиќ е историски број 1

8 март е 2021. година – Новак Ѓоковиќ официјално постигна една од двете најголеми цели во кариерата и стана историски број еден, тенисерот со најмногу недели поминати на врвот на АТП-листата. Сега Ѓоковиќ ја започнува 311. недела, додека Роџер Федерер останува на 310. Зад нив се Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268 недели.
Веќе е познато дека Новак ќе биде на прво место најмалку 317 недели, значи нешто повеќе од шест цели години, а веројатно и подолго.
Ѓоковиќ за првпат дојде на тенискиот трон на 4. јули 2011. година и на најдобар можен начин – го обезбеди првото место совладувајќи го Џо-Вилфред Цонга во полуфиналето на Вимблдон, а потоа беше подобар од Рафаел Надал во финалето.

„Сè е важно помеѓу нив тројца, секоја минута и секоја секунда. Мислам, 311. недели и ќе има уште многу, тоа е навистина фасцинантно. Новак освои сè што можеше да се освои, а крајот на неговата кариера не е ни на повидок. Дебатата за најголемиот на сите времиња главно се однесува на вкусот, но ако бројките се на ваша страна, некои работи потешко може да се одречат… За мене, Новак е најдобриот и најкомплетниот тенисер во историјата, за некој друг тоа се Надал или Федерер“, изјави тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ за Спорт клубот.

Втората најголемата цел во кариерата на Новак се Грен слем титулите, тој во моментов има 18., а Федерер и Надал имаат по 20.

„Апсолутно не ми претставува проблем да го кажам тоа. Кој и да е на врвот на тенисот и не го каже тоа, не верувам дека е целосно искрен. Тоа е мојата професионална мотивација. Професионален спортист треба да има цели, да се стреми кон нешто, потребна е ментална јасност за да се постават дневни, краткорочни и долгорочни цели. Сакам да освојам што поголем број слемови и најдолго да бидам број еден во историјата “, рекол Ѓоковиќ.

Во првите десет се случила една промена, Стефанос Циципас го престигна Роџер Федерер на петтото место, а веќе е познато дека на 15. март нè чека уште една – Данил Медведев ќе го замени Рафаел Надал на втората позиција.

Со пласман во полуфиналето во Ротердам, Борна Ќориќ скокна за две места и сега е 24-та во светот.

Топ 10:
1. Новак Ѓоковиќ 12.030
2. Рафаел Надал 9.850
3. Данил Медведев 9.735
4. Доминик Тим 9.125
5. Стефанос Циципас 6.660
6. Роџер Федерер 6.630
7. Александар Зверев 5.615
8. Андреј Рубљев 5.019
9. Диего Шварцман 3.540
10. Матео Беретини 3.480

Фото: Принтскрин/atptour.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …