Рани симптоми на бременост: 6. симптоми кои ќе ги забележите и пред направениот тест

Иако не можете да бидете стопроцентни сигурни дека сте бремени додека не го направите тестот и не го посетите лекарот, постојат симптоми кои се појавуваат во првите недели од бременоста.
Без разлика дали само планирате или работите напорно на зачнување, не можете да избегнете да размислувате за првите знаци што ќе укажат на бременост.
Тестовите за бременост користат антитела за откривање на hCg, хормон произведен од плацентата. Тие можат да покажат бременост 5-6 дена по отсуството на менструацијата.

Сепак, оние неколку дена пред тестот навистина можат да ве фрустрираат додека размислувате дали сте бремени или не.
Иако не е можно да се знае сто проценти со сигурност, постојат некои промени што веќе можат да покажат дека сте бремени.
Издвојуваме 6 рани знаци на бременост пред отсуство на менструација или направен тест:
1. Желба за храна
Промените во хормоните можат да предизвикаат желба за храна или одбивност кон одредена храна. Овие промени може да продолжат и во текот на бременоста.

2. Промени во градите
Ако забележите дека градите пораснале, ја смениле бојата или се многу чувствителни на допир, ова може да биде знак на бременост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …