НАУЧНО ПОТВРДЕНО: Ова е убедливо најздравата билка на Планетата! Нејзините моќи се ЧУДОТВОРНИ!

Прв е на списокот Орак (способност на кислородот да апсорбира слободни радикали) со неверојатни 314.446 единици!
Каранфилчето е познато и како клинчиќ
Каранфилите се ароматични цветни пупки на дрвото во семејството Myrtaceae, Syzygium aromaticum. Тие потекнуваат од островите Малуку во Индонезија и често се користат како зачин. Каранфилите се собираат комерцијално првенствено во Бангладеш, Индонезија, Индија, Мадагаскар, Занзибар, Пакистан, Шри Ланка и Танзанија. Каранфилите се достапни во текот на целата година.

Каранфилче или клинчиќ (лат. Syzygium aromaticum), традиционално е омилен зимски зачин. Потекнува од островите со зачини во Индонезија, односно северна Молука. Денес се одгледува во Бразил, Индија, Шри Ланка, Танзанија, Мадагаскар и на Пемба. Каранфилчињата се всушност незрели, неотворени цветни пупки од зимзелено тропско дрво од семејството мирта. Додека се свежи, тие се розови, а кога се сушат, ја менуваат бојата во кафеава. Тие се долги 12-16 мм и личат на клинци (на латински се нарекува и clavus, што значи клинец). Стеблата завршуваат со истакнати четириделни цветни пупки. Нивниот мирис е топол, лут и ароматичен, а вкусот е сладок – адстрингентно и многу силно. Првпат се споменува во кинеските записи веќе 400 г.п.н.е. Римјаните дознале за овој вреден зачин преку арапските трговци. Каранфилчето е најдобро познато како зачин во нашата земја. За жал, ние често забораваме на неговите многу лековити својства. Традиционалните кинески лекари користеле каранфилче уште од античко време во третманот на проблеми со варењето, дијареја, хернија, лишаи, атлетско стапала и габични инфекции.


Индиските ајурведиски исцелители го користат за лекување на респираторни и дигестивни проблеми. Средновековните германски билкари користеле мешавина од каранфилче за борба против гихт. Раните американски лекари го користеле за лекување на проблеми со варењето на храната, и го додавале на горчливи лековити билки за да ги направат повкусни. Тие исто така направиле масло од каранфилче, кое го користеле за масажа на непцата за ублажување на забоболка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт: Потребно ви е чаша за …