Март не се дава – Следат ниски утрински температури: Од среда обилни врнежи од дожд, а на високите места снег

Времето во земјава денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен локален дожд. Пообилни врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег се очекуваат во среда.
Температурите во наредните пет дена ќе се движат – утринска од -1 до 5, во четврток од -5 до 1, додека дневните ќе се пријатни од 8 до 15 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА AKЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Во периодот од 18 до 22 мај 2021 година,  ЈП Комунална хигиена–Скопје ќе спроведе акција за собирање …