(ВИДЕО) Холан со 100. гол ги „преминал“ Меси, Мбапе, Роналдо…

Норвежанецот Ерлинг Холан постави нов рекорд, бидејќи на 146-от натпревар стигна до 100-от гол во кариерата.
Заради споредба, Килијан Мбапе дојде до овој подвиг во 180. натпревар, Лионел Меси во 210., Златан Ибрахимовиќ во 245. и Кристијано Роналдо дури во 301. натпревар.
Норвежанецот има само 20. години, постигна шест гола на седум натпревари за Норвешка, за Молде одигра 50 натпревари со 20 погодоци, а потоа дојде во Салцбург.
Таму постигна 29. гола на 27. натпревари, па беше невозможно да се задржи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by erling haland (@_erling_haland)

Полн погодок било да се оди во Борусија, каде постигна 45. гола на 46. натпревари.
Само оваа сезона, тој има 29. гола на 28. натпревари, па јасно е дека нови рекорди допрва ќе паѓаат.
Само Баерн ја расипа неговата прослава. Холан постигна два гола до 9-та минута од дербито за 0:2, но, тоа го сврте Левандовски со хет-трик. Со голот на Горецка, беше 4: 2 за неприкосновените Баварци.

Форо: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон ја освои 99. пол позиција во кариерата

Луис Хамилтон, возач на Мерцедес, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Емилија …