Додека целиот свет го чека големото интервју на војвотката и војводата од Сасекс, се присетивме на најпознатите досега…
Светот со нетрпение очекува да се емитува големото интервју на Си-Би-Ес, кое Меган Маркл (39) и принцот Хари (36) и го дадоа на познатата водителка Опра Винфри.
Војвотката од Сасекс нема да биде првиот член на кралското семејство што ќе се отвори јавно, ниту пак ќе биде првата славна личност што ќе одржи експлозивен телевизиски разговор.
Најпознато е секако познатото интервју што водителот Мартин Башир го направи со принцезата Дијана во 1995 година и беше емитувано девет месеци пред разводот со принцот Чарлс.
Принцезата тогаш ја опиша Камила Паркер Боулс како „трета личност“ во кралскиот брак, призна дека го изневерувала со воениот капетан Џејмс Хјуит и зборувала за борба против булимијата и сомневање во прикладноста на Чарлс да стане крал.
„Сето тоа укажуваше на проблеми во мојот брак. Побарав помош, но дадов погрешни сигнали, а луѓето ги користеа моите проблеми со булимијата за други цели. Тие рекоа дека јас сум проблемот, дека сум нестабилна. Сепак, проблемот е дека јас и мојот сопруг се обидовме да задржиме сè идеално само за да не ја разочараме јавноста и очигледно е дека имаше голема нетрпеливост во нашите четири sида“, рекла Лејди Ди во интервју проследено од 23. милиони луѓе.
По интервјуто на Дијана, друго добро познато интервју на член на кралското семејство е интервјуто на принцот Ендру за Би-Би-Си од 2019. година, во кое тој зборуваше за неговото пријателство со осудениот педофил Џефри Епштајн.
Публиката и аналитичарите беа шокирани од интервјуто, а еден експерт за односи со јавност ги спореди снимките со „набљудување на човек во жив песок“.
После тоа, принцот беше исмејуван на социјалните мрежи поради некои негови коментари – особено поради споменувањето на Piza Ekspres и фактот дека тој не се поти. Но, најголемиот скандал следеше кога тој рече дека воопшто не жали за пријателството со Епштајн.
„Луѓето што ги запознав и можностите кои ги добив и од кои учев, било од него или поради него, беа многу корисни на крајот“, рекол тој.
Интервјуто на холивудскиот актер Том Круз, кое тој и го даде на Опра Винфри во 2005. година, остана запаметено и по скокот на нејзиниот кауч.
На зачудувачки начин, Круз ја покажа својата љубов кон тогашната девојка Кети Холмс.
„Никогаш претходно не видовме вака да се однесувате”, рекла Опра, пред да и’ рекла на публиката:“ Момчето отиде”.
Том Круз и Кети Холмс се венчаа следната година, но актерката поднесе барање за развод во 2012. година.
Мартин Башир направи уште едно одлично интервју во 2003. година, кога се префрли од BBC на ITV.