(ВИДЕО+ФОТО) Роџер Федерер спремил торта за 311. недела како прв тенисер на светот но младиот Борна Чориќ му ги расипал плановите

Стара фотографија на Роџер Федерер од 2018. година стана хит дури сега. Имено, во 2018. година, луѓето од турнирот во Хале го пречекале со тортата „311 недела“, иако поминал 310 недели на врвот.
Тој рекорд од 310. недели ќе го сруши Новак Ѓоковиќ во понеделник на 8. март, а го изедначи минатата недела, сега „број 1“ официјално влегува во 311-ва недела, иако нема турнир.
За потсетување, при пристигнувањето во Хале, домаќините направиле грешка. На Федерер му беше потребна титула во Хале за да стигне до 311. недела на врвот, но сепак во финалето загуби од Борна Чориќ.
Дали станува збор за фаворизирање, што не било фер кон другите учесници, или само за грешка, можеби никогаш нема да дознаеме.
„Се надевам на добра недела и дека ќе има добри натпревари“, рекол тогаш Федерер, а директорот на Хале, Ралф Вебер рекол „задоволство беше да го пречекам Роџер“.
Не се зборувало дали пропустот е свесна или несвесна грешка, главно, сега фановите на Новак Ѓоковиќ уживаат во овој потег, велејќи дека Роџер му подготвил торта за да му го честита рекордот.


Фотографијата од 2018 година сведочи дека станува збор за грешка, иако денес навивачите на Новак Ѓоковиќ ја користат како можност да се пошегуваат со Швајцарецот.

Да посетиме како Борна Чориќ го забрза пробивот на Новак до тронот за една недела, дури и без да го наслути тоа во 2018 година.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Легендарниот борец има корона и е во тешка состојба, не бил вакциниран: „Ова не е шега“

ЛЕГЕНДАРНИОТ УФЦ борец Диего Санчез е во болница поради коронавирус и е во тешка состојба. …