(ФОТО) Призорите од петтата венчавка на Николас Кејџ се надреални

Николас Кејџ се оженил по петти пат, а фотографиите од интимната церемонија во Лас Вегас малку потсетуваат на кадри од филм од научна фантастика.
Кејџ има 56. години и се оженил со 26-годишната Рико Шибат, а на церемонијата присуствувале и неговата поранешна сопруга и синот.
Петтото судбоносно „ДА“ Кејџ го кажал на 16. февруари, но фотографиите само што се појавија.
Претходниот брак на Николас Кејџ со Ерика Коике заврши после само четири дена во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Newslink7.com (@newslink7com)

Рико и Николас ги ускладиле тоалетите за тој ден и додека таа носела рачно изработено кимоно во слоеви, актерот бил во смокинг на Том Форд и во џебот имал жолт цвет што одговарал на нејзиниот букет. На Твитер, луѓето масовно коментираа дека нивниот истрижен и избричен Кејџ ги потсетува на Лурч од „Семејството Адамс“. Целата атмосфера на венчавката била малку надреална, бидејќи невестата наместо класични завети ја зборувала поезијата на Волт Витман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jacobb Cage (@nic_cage_is_my_dad)

По венчавката, младенците, кои се запознале во Јапонија пред една година, имале и мала прослава на која присуствувала третата сопруга на Кејџ, Алис Ким и нивниот син Кал.
Рико е четири години помлада од првородениот син на Николас Кејџ, Вестон.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …