(ФОТО) Новак Ѓоковиќ: „Пред 11. години плачев во собата на тренерот. Си ја исплакав душата!“

Новак Ѓоковиќ бил гостин на подкастот на Шервин Јафарие, поранешен брокер кој денес одгледува сомнителна храна за вегани и не-ГМО, што не е одобрена од ниту една инспекција во САД.
На тој подкаст, тој зборувал за својата кариера и го допре моментот за кој сè уште смета дека е најтежок во неговата кариера, без оглед што се случил пред 11. години.
Тоа е пораз од Јирген Мелцер во четвртфиналето на Ролан Гарос, за кој верува дека целосно ја насочил неговата кариера.

Се скршил пред тренерот
Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ истакнува дека поразот од Јирген Мелцер во четвртфиналето на Ролан Гарос бил еден од клучните моменти во неговата кариера.
Новак тогаш водел со 2-0 во сетови, со брејк во третиот сет, но на крајот загубил, а тоа го погодило како ништо во неговата кариера дотогаш, открил Ѓоковиќ на подкастот со Шервин Јафарај.

„Имав многу предизвици во текот на мојата кариера. Една од нив е 2010 година и четвртфиналето што ги загубив на еден од најголемите турнири, на Ролан Гарос. Имав чувство дека мојот свет и соништата се распаѓаат и дека не сум доволно добар за да го постигнам она што го сакав. Тогаш буквално плачев во просторијата на мојот тренер (Марјан Вајда) и физиотерапевт (Милјан Амановиќ). Се чувствував многу лошо во тој период – како да удрив во ѕид и како да не можев да продолжам“, вели Ѓоковиќ и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

„Ме пуштија да се исплачам, да ги исфрлам сите емоции и сè што чувствував во тој момент. Јас сум им многу благодарен за тоа, бидејќи тоа беше пресвртна точка. Наративот во спортот е дека тренерот е тој што треба да ве крене и да ви покаже како да бидете силен, но за мене најдобар тренер е оној што е тука за вас како личност – пријател и рамо за плачење , оној што те разбира и поддржува дури и кога сакаш да извлечеш сè од тебе, да ја исплачеш душата. Јас сум многу благодарен затоа што во тој момент почувствував дека не сум сам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

На прашањето која е причината за колапсот во Париз, Новак одговори:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Надал и Циска: Се’ скриле освен причината зошто немаат деца!

Рафаел Надал и Циска Перелјо внимателно ја криеја својата приватност, но во последните неколку години …