(ФОТО) Алка Вуица со критика кон денешната состојба со вакцините: „Југославија за седум дена вакцинираше 20 милиони жители!“

Хрватската пејачка Алка Вуица на својот Инстаграм ја коментира актуелната тема со вакцинацијата.
Пејачката се присети на пандемијата на вариола вера, која избувна во 1970-тите во поранешна Југославија.
„Имав 11 години. Во тоа ‘мрачно време’ се појави болеста големи сипаници. Југославија вакцинираше 20 милиони нејзини жители за седум дена. Само да знаете колку значеше Институтот за имунологија и колку добро ќе ни дојде во оваа војна со ковид-19 и залудните обиди за набавка на вакцини“, напиша Алка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

„Денес би било многу поважно да имаме функционален институт за имунологија отколку четири МиГ-а … Затоа што никој нема да не нападне од воздух. Биолошката војна е нашата реалност. А Европа? Не сметајте на тоа. Сметајте на нас или, што би правеле нашите постари? тие рекоа: ‘веруј у се и у своје кљусе’”, непиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

Таа исто така препорачува да се носат зааштитни маски и предочи како тие можат да бидат и моден детал.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …