Тозовац порачал од болница:„Не е дојдено моето време да си заминам од овој свет, тапкам во место да излезам!“

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац се огласил од болницата од одделот за интензивна нега, каде е поврзан со слаб проток на кислород, но е многу оптимист за неговото лекување.
„Вистина е дека завршив во болница поради пневмонија и корона, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не е новост дека некој има корона, туку дека ја нема”, рекол пејачот на народна музика.
„Мојата состојба не е добра, како може да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор во моето закрепнување. Тие ми дадоа и антибиотици и слушам се што ќе ми кажат”, изјавил Тозовац за Alo.rs.
По тој повод, тој рекол дека се надева дека наскоро ќе излезе од болницата.
„Не да се надевам, туку тапкам во место и го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека можам да си одам. Јас сум оптимист и верувам во Господ, не е време да го напуштам овој свет”, рекол легендата на народната музика.

Фото: Принтскрин/TV Prva

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …