Посен колач со ореви или бадеми

Едноставен и многу вкусен посен колач
Состојки:
(филџан за кафе, околу 120 мл)
– 6 филџани брашно
– 5 филџани кисела вода
– 4 филџани шеќер (кристал)
– 2 филџани масло
– 100 гр мелени лешници или ореви или бадеми
– 1 прашок за пециво
– 1 ванилин шеќер
– рендана кора од портокал или лимон
– 2 лажици какао
– џем од кајсии
– посно чоколадо
Подготовка: наведените состојки убаво измешајте ги за да ја изедначите масата. Поделете ја во две чинии. Додадете какао во едната половина и промешајте.
Во правоаголна тава ставете хартија за печење и истурете ја темната смеса, а потоа печете околу 20 минути на 180 степени.
Извадете од рерна и премачкајте со џем додека е уште врело.
Потоа истурете го другиот дел (светлиот) од смесата, вратете се’ во рерна и печете уште 30 минути на 180 степени.
Кога тортата ќе биде испечена, премачкајте ја со џем.
На изладената торта изрендајте го чоколадото.
Ако сакате, можете да ја полиете и со истопено чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Малта им плаќа на туристите ако дојдат на летување

Сакајќи да го оживее туризмот, Малта планира да им понуди на посетителите „џепарлак“ до 200 …