ЕМА дозволила уште една комбинација на лекови против корона

Европската агенција за лекови (ЕМА) објавила дека комбинацијата на лекови од компанијата „Ели Лили“ може да се користи за третман против ковид 19 кај пациенти на кои не им е потребна поддршка за кислород и кои имаат висок ризик да преминат во сериозно заболување.
Препораката сега може да се користи како упатство во некои европски земји за можна употреба на комбинацијата на bamlanivimab и etesevimab, пред да се добие пошироко одобрување, наведе ЕМА.

Лековите припаѓаат на класа лекови познати како моноклонални антитела, кои се синтетички произведени копии на протеини кои се борат против инфекцијата и кои човечкото тело ги произведува природно.
ЕМА наведе дека иако резултатите покажуваат дека комбинацијата на лекови ја намалува количината на вирус присутен во задниот дел на носот и грлото, постои одредена несигурност во врска со придобивките од употребата само на bamlanivimab.
Сепак, ЕМА не ја исклучи монотерапијата како можна опција.


Фото: Википедија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …