Витаминот Б12 или кобаламин е неопходна и многу важна компонента за здравјето на луѓето, тој влегува во организмот само преку храна, затоа е многу важно да се следи нивото на овој витамин во организмот.
Витамин Б12 се добива од производи од животинско потекло, како месо, јајца и млеко. Но, вештачки се додаба и на други производи. Како што покажуваат неодамнешните истражувања, оваа компонента е многу важна за нормалното функционирање на телото и дури има силно влијание врз развојот на фетусот за време на бременоста.
Недостаток на витамин кај жени за време на бременост создава потенцијална закана за детето во иднина: дијабетес тип 2 и други метаболички нарушувања.
Како да се открие дека на телото му недостасува витамин Б12?
Симптоми на недостаток на витамин Б12: оштетување на меморијата, отежнато дишење, пожолтување на кожата, слаба циркулација и промени во расположението.
Симптомите не се критични, затоа ретко им обрнуваме внимание, но недостатокот на витаминот доведува до развој на анемија, што влијае на општата емоционална состојба. Витамин Б12 е вклучен во метаболички процеси, хематопоеза, дел е од надбубрежните хормони и поддржува многу други функции.
Како витамин Б12 му помага на нашето тело?
• ги стабилизира надбубрежните жлезди;
• ги активира метаболичките процеси;
• ја подобрува апсорпцијата на железото;
• ги подобрува репродуктивните функции на телото;
• го поддржува функционирањето на нервниот систем;
• го зголемува бројот на црвени крвни клетки;
• помага да се подобри циркулацијата на крвта.