(ФОТО) Откриени глумците на најскапиот филм на Нетфликс – фановите во транс: „Какви тројца фраери!“

Ѕвездата на хит серијата „Бриџертон“, Реж-Жан Пејџ, се приклучи на екипата на филмот „The Gray Man“ на Нетфликс, кој се очекува да биде најскапиот филм во историјата на платформата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Regé-Jean Page (@regejean)

Пејџ ќе се појави заедно со Рајан Гослинг и Крис Еванс.
Оваа вест беше особено поздравена од женскиот дел од публиката.
„Чекај, овие тројца во ист филм? Едвај чекам“, „Ова ќе биде најдобриот филм на сите времиња“, „Кои три момци“, „Толку убавина на едно место“, се само некои од реакциите.

Во акциониот шпионски трилер на браќата Русо, заедно со Пејџ, Гослинг и Еванс, играат и оскаровците Били Боб Торнтон, Алфре Вудворд, Ана де Армас, Џесика Хенвик и Џулија Батерс.
Сè уште не е познато каква улога ќе има Пејџ во филмот – базиран на истоимениот роман од 2009 година на Марк Грини.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …