(ФОТО) БРОЈНИ ОБВИНУВАЊА ОД БРИТАНИЈА – Не престануваат навредите на сметка на Меган Маркл и принцот Хари

Меган Маркл и принцот Хари се обвинети дека не се грижат за здравјето на принцот Филип, бидејќи и покрај тоа што имал операција на срцето и престојувал во болницата повеќе од две недели, тие ќе емитуваат интервју во кое планираат да откријат шокантни детали за членовите на кралското семејство.
Меган Маркл и принцот Хари беа мета на бројни обвинувања и негодувања од многу фанови на кралското семејство, откако потврдија дека нема да се откажат од емитувањето на интервјуто со Опра Винфри, иако дедото на Хари во моментов се бори со сериозни здравствени проблеми.
Тие самите ја потврдија својата одлука, откако се најдоа под голем притисок да побараат од Опра да го премести датумот на емитување во САД и ширум светот, откако беше откриено дека 99-годишниот принц Филип имал операција на срцето.
Извор близок до Меган и Хари потврди за „Daily Mail“ дека преносот ќе се одржи и дека ќе се заработат милиони долари за време на двочасовното интервју и дека сè е веќе договорено со телевизиските компании.

Затоа гневот расте низ цела Велика Британија, а меѓу оние кои сакаат да го преместат интервјуто, имало експерти, фанови, па дури и некои членови на британскиот парламент.
„Мислам дека интервјуто воопшто не е соодветно за оваа ситуација. Колку помалку откриваат, толку подобро ќе биде за секого, дури и без оглед на состојбата на принцот Филип. Ниту едно од овие кралски интервјуа не помина добро и не гледам дека ова ќе оди подобро. Секој треба да сочувствува со кралицата, исклучителна дама која ни служеше цел живот“, изјавил пратеникот Боб Блекман за „Daoly“.

„Се надевам дека еден ден и Меган и Хари ќе знаат како е да се имаат вистински проблеми во животот“, додал друг пратеник, кој сакал да остане анонимен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Работник добил автомобил од газдата: „Не можев да верувам!“

Расудин Мухиќ, вработен во тузланската месарницата „Брајловиќ“ од својот работодавачот добил автомобил „Голф 5“  како …