(ВИДЕО) Најлуд настап во историјата на Санремо: Погледнете ја изведбата на Ибрахимовиќ и Михајловиќ!

Она што со денови се најавуваше во Италија, се случи синоќа.

Златан Ибрахимовиќ и Синиша Михајловиќ пееја на еден од најстарите музички фестивали во светот – Санремо. Двајцата го испеаја познатиот хит „Io vagabondo“ со помош на две пејачки.
Ибрахимовиќ и Михајловиќ не се првите луѓе од светот на фудбалот што настапиле во Санремо. Пред нив честа ја имаа Роберто Баџо, Франческо Тоти, Антонио Касано и други.
Поради гостувањето во Санремо, Ибра ќе пропушти неколку тренинзи на Милан, кој по долго време е во трка за титулата во Серија А.

Фото: Скриншот/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ДЕБАР МААЛО ДОБИ СПОРТСКО И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски …