(ФОТО) НЕ ГИ НАПЛАТУВА УСЛУГИТЕ – „Сперминатор“ има 78. деца а од него моментално 13. жени чекаат бебе

Професорот од Њујорк Ари Нагел (44) им помага на жените да останат бремени на „старомоден“ со сексуални односи со нив, но сега е малку повнимателен. Тој вели дека единствената плата за неговите услуги се бакнежите и прегратките што ги добива
На Ари му се јавуваат се’ повеќе жени на кои им е потребна помош за забременување и затоа тој престанал да има сексуални односи со нив, па сега им доставува сперма во чаши, со цел да се заштити себеси и нив.
Бидејќи тој веќе има 78. деца, а во моментов 13. жени се бремени од него, многумина го нарекуваат Сперминатор.

– Никогаш не им ги наплатував моите услуги на жени на кои им помагав да имаат дете. Секако, добивам многу бакнежи и прегратки, како и доживотна благодарност. Среќен сум затоа што имам многу деца. Некои од нив ги гледам секој ден, а некои никогаш не сум ги сретнал. Зависи од семејствата – рекол тој.

Тоа не им помага само на жените во Америка, туку и во целиот свет.
– Многу жени кои контактираат со мене се од Америка, но понекогаш се и од други земји. Минатиот месец бев двапати во Африка, а претходниот месец бев во Барбадос и Грузија. Еден месец пред тоа бев во Русија, патувањето е дел од она што го работам, но повеќетожени на кои им помагам се од Америка – објаснил тој.

Во моментов, 13 жени очекуваат бебе со Ари, сите вештачки оплодени со неговата сперма.
– Десетина деца зачнав со секс, но тоа беше во почетокот кога не знаев за друг начин. Неколку жени ми се јавуваат секој месец и би било тешко да имате секс без заштита, а во исто време да гарантирате безбедност за себе и за нив. Затоа сега доставувам сперма во чаши – заклучил Ари, пишува The Sun.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …