ОБВИНУВАЊА И РЕАКЦИЈА – Маркле во интервјуто со Опра: „Не знам како од нас очекуваат дека после се ќе молчиме!“

Си-Би-Ес објавил нов исечок од долгоочекуваното интервју на Опра Винфри со Меган Маркле и принцот Хари во кое војвотката за Бакингемската палата вели дека не знае како воопшто би можеле да очекуваат од неа и нејзиниот сопруг да молчат.
„Како се чувствувате околу тоа Палатата да ја слушна вашата вистина денес? Винфри ја прашува додека виолини драматично свират во позадина.
„Не знам како би можеле да очекуваат дека после сето ова време сепак ќе молчиме ако постои активна улога што Компанијата ја игра во продолжувањето на лагите за нас“, одговорила Маркл, користејќи го кралското семејство прекарот Компанија (Фирма), која наводно потекнува од кралот Џорџ Шести.
„И ако дојде до ризик од загуба, многу веќе е изгубено“, додала Маркл.

Во меѓувреме Меган Маркл е обвинета за злоупотреба на членови на нејзиниот персонал и несоодветно однесување кон нив додека сè уште била дел од кралското семејство.
Овие обвинувања ги изнел еден од вработените во палатата.
На обвинувањата реагирал и портпарол на војводата и војвотката од Сасекс, нарекувајќи сè пресметана кампања со цел да се сврти вниманието од големото интервју што Хари и Меган и го дадоа на Опра, што ќе биде објавено на 7 март.
„Да го наречеме ова она што е – пресметана кампања за ‘црнеење’ врз основа на лажни и штетни дезинформации“, рекол портпаролот за Times of London..

„Не случајно овие обвинувања кои се стари неколку години, се активирани сега, а се со цел да се поткопа војвотката во британските медиуми пред да се емитува интервју во кое таа и војводата отворено и искрено разговараа за нивното искуство во последните години“, додал портпаролот .
„Војвотката е тажна поради овој последен напад врз нејзиниот лик, особено како некој што беше мета на насилство и е длабоко посветена на обезбедувањето поддршка на оние кои доживеале болка и траума. Таа е решена да продолжи да работи на градење сочувство низ целиот свет и ќе продолжи да биде пример за да се прави добро“, заклучил портпаролот.

Бакингемската палата одбила да ги коментира обвинувањата. Сепак, извори тврдат дека палатата нема време да се справи со обвинувањата, бидејќи кралското семејство е насочено кон здравствените проблеми на принцот Филип, кој сè уште е во болница.
Меган обвинувањата ги нарекла пресметана кампања за клевета, додека Бакингемската палата вчера најави истрага за обвинувањата, пишува Page Six.
Во меѓувреме, британски таблоид треба да и плати на Меган 450.000 фунти за нарушување на приватноста.

Фото: Скриншот/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО – ВО ЖИВО) Погреб на принцот Филип: Службата започна – на испраќањето само најблиските – братучед ги дели Хари и Вилијам

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела …