КАРМА – Познатиот давител од Калифорнија го задавиле во затвор

Сериски убиец од Калифорнија, за кој се верува дека задавил и силувал најмалку седум жени, е задавен во државниот затвор, соопштија вчера официјалните лица.
Чуварите во неделата забележале дека Роџер Рис Кибе, 81, познат како „Странец I-5“ од 1970-тите и 1980-тите, не одговарал на повиците. Покрај него бил неговиот 40-годишен цимер, пишува ABC News.
„Аутопсијата покажала дека некој го задавил Кибе со раце“, рекол шерифот на округот Амадор. Истрагата е во тек и против никого не е поднесена пријава за неговото убиство.
Издржувал повеќекратни доживотни казни
Кибе првично бил осуден во 1991 година за задавување на Дарчина Фракенпол, 17-годишна, која побегнала од својот дом во Сиетл. Нејзиното скоро целосно голо тело било пронајдено во 1987 година западно од градот Саут Лејк Тахо.
Во 2009 година, истражител во канцеларијата на обвинителот на округот Сан Хоакин открил нови докази кои го поврзуваат Кибе со шест дополнителни убиства во неколку окрузи во Северна Калифорнија.
Роџер Кибе издржувал повеќекратни доживотни казни затвор во времето на убиството.

Фото: Wikipedia

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Многумина ја носат оваа амајлија а не знаат што значи!

Злото око, познато во грчката култура како „мајка“ (ματι), е проклетство за кое се смета …