(ВИДЕО) Топлина и убавина да ви го стопи срцето:„Help Me Make It Through the Night” со Ѓоко Ѓорчев и Кате Брезова

Топло, емотивно, со убава приказна (во спотот) и врвна изведба на Ѓоко Ѓорчев и Кате Брезова…
Така накусо би се најавил спотот за темата „Help Me Make It Through the Night”…
Во рамките на подготовката на осмиот албум „Дуети“ Ѓоко Ѓорчев реши да сними дует со Кате Брезова за темата „Help Me Make It Through the Night”, во оригинална изведба на Крис Кристоферсон.
Видеото го работеше „ФИС Продукција“, а во спотот учествуваат актерите Тамара Бочварова и Ангел Георгиев.
Зад спотот застана, како и зад цела кариера на Ѓоко, Винаријата „Бовин“, на која, на браќата Киро и Ѓоко Богевски нивниот пријател и соработник, Ѓоко Ѓорчев, им ги посвети и’ песната и спотот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата …